top of page

                        ДИЈАЛИЗА И АФЕРЕ ЗА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJA ,   

                                               УСПЕШНА ПРИКАЗНА"

 

 

​​

Првата хемодијализа (ХД) во Република Македонија (РМ) беше изведена во 1959 г.

кај пациент со акутна бубрежна инсуфициенција (АБИ) користејќи "Kolff-Brigham

rotating drum", вештачки бубрег во Институтот за трансфузија на крв во Скопје. Во 1965 г.

Одделот за нефрологија при Клиниката за интерни боле-сти на Медицинскиот

факултет во Скопје доби модерен, нов, вештачки бубрег "Websinger" со сигма мотор

и можност за користење на Kolff-ов "twin coil" филтер за хемодијализа. Помеѓу 1959

и 1971 г. ХД се применуваше само кај пациенти со АБИ. Во мај 1971 г. во Одделението

за нефрологија беше создадена единица за ХД и беше почната програма на одржувачка

хемодијализа (МХД) со пет машини Stuttgart Fresenius и 12 пациенти дијализирани со

"twin coil" филтри за ХД. Беа лекувани 1173 пациенти во 18 ХДЦ во РМ во 2007.

Беа користени 320 машини; 299 (93%) за бикарбонатна ХД и 21 (7%) за ацетатна ХД.

Во сите центри водата за ХД беше обработена со реверзна осмоза. Нема повторна

употреба на филтри за ХД. Сите пациенти имаа ист третман. Пациентите

добиваа епоетин (рекомбинантен хуман еритропоетин и ) за да го одржуваат

хемоглобинот помеѓу 100 и 120 гр/л. Нашите пациенти добиваа епоетин во

хемодијализните центри помеѓу 62% и 100% спored индивидуална потреба.

Cimino-Brescia артериовенозна фистула беше типично користена како перманентен

васкуларен пристап. Превалентноста на ХБВ кај пациенти на МХД варираше

помеѓу 628% во различните центри. Превалент-носта на ХЦВ кај пациенти на МХД

беше помеѓу 3778% кај некои центри. Нозоко-мијалната инфекција е веројатно една од

причините за вака висока преваленција на ХЦВ кај нашите пациенти. Немавме ХИВ

инфекција кај пациентите на МХД. Степенот на преживувањето кај нашите пациенти

лекувани со МХД беше 60% за 5 години, 37% за 10 години, 25% за 15 години и 9%

за 20 години. Перитонеалната дијализа (ПД) започна во 1995 г. кај деца, а во 1996 г.

кај возрасни. Сега, 24 воз-расни пациенти се лекуваат со ПД. Од 1985 г.

плазмоферезата е во редовна упо-треба. Најмногу терапевтски процедури се изведени

кај пациенти од Клиниката за нефрологија. 1216 пациенти беа на бубрежно-заместителна

терапија во 2005 г. На ХД беа 1077 (89%), со трансплантиран бубрег беа 121 (10%) и на

ПД 18 (1%). 601,4 пациенти беа на бубрежно-заместителна терапија на еден милион

население. Активностите на македонските нефролошки здруженија многу помогнале во

раз-војот на нефрологијата и дијализата поканувајќи истакнати нефролози од Европа

и од светот и трансферирајќи ги достигнувањата од светот во нашата практика. Имајќи

на ум дека хроничните бубрежни болести, терминалните бубрежни оште-тувања

и бубрежно-заместителната терапија се големо оптоварување за здравстве-ниот буџет,

нам ни треба рано дијагностицирање и третман на хроничните буб-режни болести, т.е.

превенција на бубрежните болести.

bottom of page